Хутите ја презедоа одговорноста за нападот на норвешкиот танкер

Сподели со своите пријатели

Јеменските бунтовници Хути денеска ја презедоа одговорноста за ракетниот напад во Црвеното Море во кој беше оштетен танкер за нафта под норвешко знаме.

Loading...

„Поморските единици на јеменските вооружени сили го гаѓаа норвешкиот танкер Стринда, кој превезуваше гориво за Израел“, изјави воениот портпарол на Хутите, Јахја Сари.

Американската војска синоќа соопшти дека проектил истрелан од област под контрола на бунтовниците Хути погодил танкер со нафта во близина на брегот на Јемен, а нема жртви.

Танкерот Стринда бил погоден со крстаречка ракета и експлодирал, соопшти американската воена команда на Блискиот Исток (Центком) на платформата Х.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

На помош на нападнатиот брод му дошол американскиот разурнувач USS Mason, додава Centcom.

Сопственикот на бродот, норвешката компанија Ј.Лудвиг Мовинкелс, во соопштение го потврди инцидентот и наведе дека нема повредени меѓу членовите на екипажот, државјани на Индија, кои го изгаснале пожарот.

Во соопштението се наведува дека бродот бил на пат од Малезија кон Италија со суровини за биогориво и сега плови до безбедно пристаниште.