Хунтата во Мјанмар го продолжи привремениот прекин на огнот до 31 мај за да ги поддржи напорите за обнова на земјата по земјотресот кон крајот на март во кој загинаа најмалку 3.700 луѓе и беа уништени делови од земјата, објавија државните медиуми.
Хунтата првично објави примирје на почетокот на април, неколку дена по земјотресот што го погоди Мјанмар на 28 март, за да ги поддржи хуманитарните напори, додека вооружените групи што се спротивставуваат на хунтата донесоа слични одлуки, објави Ројтерс.
Иако прекинот на огнот беше на сила, воените воздушни напади и артилериските напади продолжија во некои делови од земјата, и покрај објавувањето на прекинот на огнот.
Како дел од продолженото примирје, кое стапи на сила на 6 мај, властите им наредија на вооружените групи да не го нарушуваат движењето на цивилите, да не напаѓаат цивили или безбедносни сили, да не уништуваат имот или да не спроведуваат воени операции или регрутирање.
Хунтата предупреди дека ќе преземе заштитни мерки за да ја обезбеди безбедноста на јавноста доколку дојде до кршење на прекинот на огнот.
Привременото примирје првично беше на сила од 2 до 30 април, со цел да се забрзаат спасувачките напори по земјотресот со јачина од 7,9 степени што го погоди Мјанмар на 28 март.