Хуманитарната помош во Газа е на работ на „целосен колапс“ поради континуираните конфликти и двомесечната блокада што спречува хуманитарна помош да влезе во енклавата, соопшти денес Црвениот крст.
Светската програма за храна (WFP) на 25 април соопшти дека останале без залихи од храна во Газа поради континуираното затворање на премините во енклавата.
Никаква хуманитарна или комерцијална стока не е влезена во Газа повеќе од седум недели, бидејќи сите главни гранични премини остануваат затворени, се вели во соопштението за медиумите на Светската програма за храна, пренесува Танјуг.
Ова е најдолгото затворање со кое се соочил Појасот Газа, што ги влошува веќе кревките пазари и прехранбени системи, соопшти Светската програма за храна.