Хуманитарна помош за бегалците сместени во транзитните центри низ Република Македонија денеска ќе пристигне од источниот сосед, односно Бугарија.
Донацијата ќе биде предадена во транзитниот центар Табановце, кумановско. Истата помош минатата недела во телефонски разговор на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов му ја ветил бугарскиот премиер Борко Борисов.
Инаку во кампот во Табановце моментално има 1.295 мигранти од кои 933 се во кампот, меѓу кои најројни 467 се државјаните од Авганистан, 328 од Сирија, 120 од Ирак, 4 од Либија, 13 од Иран, и еден од Пакистан. На гранична линија присутни се 362 мигранти.