Хуманитарна изложба на автомобили во сабота во Куманово

Сподели со своите пријатели

Црвен крст Куманово во соработка со „Illegal hunters“ од Куманово, во сабота од 10 часот на паркингот кај градскиот базен организира хуманитарна изложба на автомобили.

Loading...

– Активноста е во склоп на програмата ЦКА-ПХВ , во рамките на проектот “Со цело срце за нечие подобро утре” кој има за цел да помогне на нашата сограѓанка Јована Илиевска за успешно да го продолжи своето лекување, вели Никол Ѓорѓевска од ОО на Црвен крст Куманово.

Настанот ќе започне во 10 часот и ќе трае до 17:00 со музичка програма од DJ 43’s .

Влезот за автомобили ќе биде 300 денари, додека за посетителите е бесплатен, но истите ќе имаат можност да донираат на обележани места во кутии на Црвен крст Куманово.

Од Црвениот крст напомнуваат дека е забрането било какво тркање со автомобили и дрифтање.

– Настанот е од хуманитарен карактер и по тој повод ве замолуваме да ги почитувате нашите правила. Ве очекуваме во што поголема бројка, да бидеме хумани и да помогнеме со цело срце за нечие подобро утре, изјави Ѓорѓевска.

Никола Ивановски