Два земјотреси во текот на ноќта ја погодија Хрватска, едниот во близина на Загреб, а другиот во близина на Задар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Loading...
Првиот земјотрес со јачина од 1,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во 23 часот и 46 минути, недалеку од Загреб, а епицентарот бил на 16 километри од Запрешиќ.
Набргу потоа, околу 00:05 часот е регистриран втор земјотрес во северна Далмација, на два километри од Бенковац кај Задар и бил со јачина од 3,5 степени.
Хрватската цивилна заштита соопшти дека нема повредени или материјална штета, објави порталот Индекс.