Хонг Конг ги отвора границите со континентална Кина

Сподели со своите пријатели

Хонг Конг постепено ќе ја отвори границата со континентална Кина до средината на јануари, изјави денеска градскиот функционер Џон Ли, додавајќи дека целта на повторното отворање е да се врати во државата пред избувнувањето на пандемијата „Ковид-19“.

Loading...

Ограничувањата за патување преку границата меѓу Хонг Конг и Кина беа воведени на почетокот на 2020 година, како мерки против епидемијата на вирусот ковид19, а повторното отворање неколкупати беше одложувано поради епидемиолошката состојба на копното, како и во Хонг Конг, пренесува Ројтерс, пренесува Танјуг.

Агенцијата вели дека моментално единствените пристапни точки меѓу Хонг Конг и континентална Кина се аеродромот во градот и два контролни пункта, едната во заливот Шенжен, а другата на мостот Хонг Конг-Жухаи-Макао.