ХИТ: Туристи се степаа поради подобро место за селфи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Два пара се снимени како се тепаат на видиковец во Тибет, наводно затоа што сакале да го добијат најдоброто селфи место со поглед на Монт Еверест.

Loading...

Инцидентот се случил на 25 јуни, откако туристички водич побарал од групата да позира заедно на палубата за набљудување до споменикот на Еверест.

На видеото се гледаат два пара од Кина како се расправаат кој каде ќе застане, а вербалниот конфликт прераснал во тепачка, пишува New York Post.

На видеото се гледа како двајца мажи се тепаат на подот.

Едната жена се обидува да го одвлече мажот, а другата се вмешува во тепачката и го удира другиот маж.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каде во Европа има најмногу убиства? Еве како котира Македонија!

На местото на настанот пристигнала граничната полиција која ја прекинала тепачката, но не се знае дали некој од учесниците е повреден.

Сите инволвирани се приведени.

 

Loading...