Хисни Шаќири, поранешен пратеник од Липково одржа говор на погребот во Приштина

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

 

На гробиштата на паднатите борци во Приштина, денес беа погребани осумтте тела на лицата убиени во неодамнешниот конфликт во Куманово, пренесува косовскиот портал Бота Сот. 

На погребот присуствуваа семејствата на загинатите, видни косовски политичари, но и Хисни Шаќири, поранешен пратеник од с. Отља, општина Липково.

Хисни Шаќири за време на кризата во 2001, го напушти македонското Собрание и премина на страната на т.н ОНА, но без посебна функција за време на кризата во липковските села.









 

Loading...

На денешната погребна церемонија, погребани беа Џафер Зумбери, Мирсад Ндрецај, Ваљон Кабаши, Тургај Гаши, Самид Кастриоти, Хисен Рушити, Фатлум Вишесела и Арбен Реџаи.

Од деветте тела, колку вкупно беа транспортирани во Косово, ден претходно беше погребан Бег Ризај, во Меморијалниот комплекс во Дечани, откако семејството побарало тој да почива во родното место, во близина на соборците кои загинале во војната во Косово, пренесува Бота Сот.

 

По одржаната комеморативна седница, низ приштинските улици, поворката се упатила кон алејата на паднатите борци на УЧК во Приштина.

Во име на организацијата ОНА, зборуваше Џавит Јашари, кој како што пренесува порталот, истакнал дека паднатите борци починале во име на иделаите на слободата.

Хисни Шакири, поранешен пратеник од Липково, на церемонијата истакнал дека идеалот за обединување на албански етнички територии ги донел овие херои во Куманово.

Loading...

– Семејствата на загинатите треба да бидат горди на момчињата кои ги имале. Доаѓам од местото каде што се одржа битката на 9 мај. Нивната посветеност на решавање на националното прашање ги донесе на 9 мај во Куманово. Тие беа постојано во војна од 2001 година, барајќи решение за прашањето на Албанците. Нивните херојски дела во Куманово го прави бесмртни. Длабоко сум убеден дека целиот свет никогаш нема да ги заборива борците од Куманово , истакнал во својот говор Шаќири.

 

Loading...

Loading...

 

Погребот беше извршен во 17 часот, јавува Бота Сот.

Loading...







 






 

Фотографиите се преземени од порталот Бота Сот.

Loading...

 

 

Leave a Reply