Хигиеничарите на ТЦ Табановце се вакцинираат од црвен тифус

Сподели со своите пријатели

Дваесетина вработени во ПЦ Табановце задолжени за собирање и чистење на смет, во текот на неделата се вакцинирани против болеста црвен тифус, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Напоредно со вакцинирањето, во Табановце се одвива и редовна дезинфекција на просторот и објектите наменети за бегалците, а во текот на вчерашниот ден, извршено е поставување на прозорци во кујната, поставување на чучавци и бетонирање на новите тоалети.

Како што информира РЦУК, во текот на вчерашниот ден, полицијата во ПЦ Табановце донела 22 – годишен бегалец од Сирија кој по полициско сослушување е сместен во бараките, без детали за тоа што точно се случило со посочениот бегалец.

Тимовите на итната медицинска помош при Здравствен дом Куманово во текот на изминатите 24 часа не пружиле здравствена заштита на бегалци.

 

Loading...