Хезболах тврди дека ја погодил базата Мосад

Сподели со своите пријатели

Хезболах ја презеде одговорноста за ракетниот напад во централниот дел на Израел утринава, тврдејќи дека балистичка ракета Кадер 1 го нападнала седиштето на Мосад во близина на Тел Авив.

Loading...

Во соопштението се наведува дека „нападот е одговор на експлозиите на пејџери и воки-токи и убиството на врвните команданти“ на оваа терористичка група.

Во меѓувреме, ИДФ соопшти дека го погодила фрлачот на Хезболах во Либан кој утрово истрелал проектил земја-земја.

Според ИДФ, фрлачот бил погоден во јужен Либан во Нафахија.