Хероите од „Диво Насеље“ добија огромен мурал во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Полициските припадници кои беа дел од антитерористичката акција во кумановската населба Диво Насеље добија огромен мурал во центарот на Куманово.

Loading...

Автори на живописниот мурал се членовите на здружението „Форма“ од Куманово кои дошле на ваква идеја со цел да им изразат почит на трагично загинатите бранители, но и на сите оние кои тој ден го бранеа Куманово.

На муралот висок нешто над два метри и долг 15 метри, се претставени реални фотографии од полициската акција, над нив е исцртано македонското знаме, а долу стои пораката „Хероите живеат вечно“.

Акцијата е спроведена на ѕид од приватен објект лоциран спроти влезот на некогашното Кино „Козјак“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

 

 

Младен Трендевски од Здружението „Форма“ вели дека долго време имале таква идеја, која во меѓувреме во неврзан разговор им ја претставиле на дел од припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

Loading...

–  Идејата беше наша на „Форма Куманово“ заедно со САЕ Тигар, а поддржано е од доста здруженија од Куманово и од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, појасни Трендевски.

 

 

Трендевски апелира петнаесетметарскиот мурал да не го уништат несовесните граѓани.

– Свесни сме дека тоа може да се случи, апелираме да не дојде до тоа, но ако дојде подготвени сме повторно да интервенираме и да го корегираме, додава тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово

Инаку во терористичкиот напад во Диво Насеље на 9 и 10 мај 2015 година загинаа осум припадници на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување, додека 37 беа повредени.

Никола Ивановски

Loading...