Сите ученици од СОУ Гимназија “Гоце Делчев” биле пуштени дома откако денеска после четвртиот час осамна во пламен хемиската училишна лабораторија, информира директорот Горан Димитријевиќ.
Loading...
За среќа како што вели директорот не дошло до поголем пожар откако во шкафот каде што се чуваат хемиските реагенси поради паѓање на сад со супстанца дошло до несакана хемиска реакција.
Со навремената реакција на вработените и професорката по хемија спречен е пожар од поголем обем.