Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави денеска дека одговорност на Европа е да ја запре, како што рече, „руската воена машина“.
Loading...
Во изјава за новинарите пред денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Хегсет повтори дека земјите-членки на Алијансата треба да ги зголемат буџетите за одбрана на пет отсто од БДП, објави Ројтерс.
Сегашната цел за одбранбените трошоци за членките на НАТО е два отсто од БДП.
Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста на крајот на јануари изјави дека на самитот на НАТО во јуни ќе биде донесена одлука дали трошоците ќе бидат зголемени на три или пет отсто од БДП, пренесува Танјуг.