Хамас: Остатоците на Шира Бибас измешани со оние на други жртви на израелските бомбардирања

Сподели со своите пријатели

Хамас рече дека посмртните останки на израелскиот заложник Шири Бибас најверојатно биле измешани со останките на други луѓе кои биле извлечени од урнатините откако израелскиот воздушен напад ја погодил локацијата каде Шири бил заробен, објави Ројтерс.

Loading...

Официјалниот претставник на Хамас, Исмаил ал Тавабтех тврди дека телото на Шира било „распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините“, повторувајќи го тврдењето дека Израел е одговорен за смртта на Шира Бибас и другите заложници, чии тела Хамас му ги предаде на Израел во четвртокот, вклучувајќи ги и телата на синовите на Шира, пишува „Тајмс оф Израел“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов шок за Израелците: Хамас им предал погрешно тело. Каде е мајката на најмладите заложници?

Хамас го објави ова откако израелските форензички власти утврдија дека телото на еден од четворицата заложници што групата вчера му ги предаде на Израел не припаѓа на Шира Бибас.

Хамас тврди дека Шири и нејзините два сина Ариел и Кфир биле убиени во воздушен напад на израелските сили.

Израелските власти синоќа објавија дека се идентификувани останките на Ариел и Кфир и дека биле убиени од терористи во заробеништво, а останките пронајдени во ковчегот со фотографијата на Шира всушност припаѓаат на неидентификувана жена од Газа.

Израелските власти соопштија дека телото било предадено во состојба во која властите на форензичкиот институт Абу Кабир можеле дефинитивно да утврдат дека тоа не припаѓа на Шира.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Тие наведуваат дека телото било облечено и дека било прегледано неколку пати во институтот, но дека резултатите од ДНК анализата на телото не се совпаѓаат со ДНК на Шира, ниту со ДНК на некоја од заложниците кои се уште ги држи Хамас.