Хамас ја презеде одговорноста за нападот во Ерусалим и повика на „ескалација“

Сподели со своите пријатели

Хамас ја презеде одговорноста за пукањето на автобуска станица во Ерусалим утринава, во кое беа убиени три лица.

Loading...

Бројот на ранети се искачи на 16.

Во изјавата за Телеграм, Хамас го пофали своето воено крило, Бригадите Ал Касам, за, како што ја нарече, „херојска операција во Ерусалим“.

Напаѓачите се именувани како Мурад Мухамед Нимр (38) и Ибрахим Мухамед Нимр (30).

Израелската полиција претходно соопшти дека двајцата напаѓачи се убиени на лице место.

„Потврдуваме дека оваа операција дојде како природен одговор на злосторствата без преседан на окупацијата, вклучително и бруталните масакри во Појасот Газа и убиствата на деца во Џенин, како и широките прекршувања на кои се изложени нашите затвореници во окупационите затвори“,се вели во соопштението на Хамас.

Хамас ги повтори своите повици за „ескалација на отпорот“.