Хамас: Израелците убија седум заложници во напад на бегалски камп

Сподели со своите пријатели

Хамас тврди дека седум заложници биле убиени во вчерашниот израелски воздушен напад врз бегалскиот камп Џабалија на северот од Појасот Газа.

Loading...

Милитантната група рече дека тројцата заложници биле странци.

„Бригадите Ал-Касам (военото крило на Хамас) го потврдија убиството на седуммина нивни цивилни затвореници во масакрот во Џабалија вчера, вклучително и тројца сопственици на странски пасоши“, се вели на каналот на Телеграм под контрола на Хамас.

Ова тврдење не е независно потврдено.

Израел соопшти дека цел на нападот бил и убиениот командант на Хамас по име Ибрахим Биари, еден од водачите одговорни за организирање на нападот на 7 октомври.

Официјални лица во индонезиската болница во Газа соопштија дека повеќе од 50 луѓе загинале во нападот, а уште 150 се повредени.