Хамас: Израел понижен и поразен во 200 дена офанзива

Сподели со своите пријатели

Израелската армија ги засили нападите низ Газа и нареди нови евакуации на северот на енклавата, предупредувајќи ги цивилите дека се наоѓаат во „опасна борбена зона“, пренесе Ројтерс.

Loading...

Пријавени се и воздушни напади и гранатирање со тенкови во централните и јужните области, велат жителите.

Во објава на социјалната мрежа Х, портпаролот на израелската армија Авихаи Адрае ги повика жителите на овие четири зони во Беит Лахиа на северниот дел на Појасот Газа да се засолнат во двете одредени области.

Тој рече дека армијата „ќе дејствува со екстремна сила против терористичката инфраструктура и субверзивните елементи“ во регионот.

Во соопштението објавено подоцна вчера, војската рече:

„За разлика од намерните напади на Хамас врз израелски мажи, жени и деца, ИДФ го следи меѓународното право и презема изводливи мерки на претпазливост за да ја ублажи штетата врз цивилите“.

Израел го обнови гранатирањето и бомбардирањето на северот на Газа речиси четири месеци откако објави дека ги повлекува војниците од областа, велејќи дека Хамас повеќе не ја контролира областа.

Израел, исто така, овој месец повлече поголем дел од своите сили од јужниот дел на Газа.

Loading...

Сепак, напорите да се постигне примирје не успеаја, а израелските бомбардирања и нападите на териториите од кои се повлекоа неговите војници го отежнуваат враќањето на раселените жители на Газа во нивните напуштени домови.

Тенкови извршија уште еден упад источно од Беит Ханун на северниот раб на Појасот Газа прексиноќа, иако не навлегоа далеку во градот, соопштија жителите и медиумите на Хамас.

Вчерашното бомбардирање се случи откако беа пуштени предупредувања за ракетен напад во два погранични града во јужен Израел, иако нема информации за жртви.

Вооруженото крило на Исламскиот Џихад, група поврзана со Хамас, ја презеде одговорноста за нападите на Сдерот и Нир Ам, што укажува дека борците сè уште можат да истрелаат ракети речиси 200 дена по почетокот на војната, која срамни големи делови од енклавата и ги раселе речиси сите нејзини 2,3 милиони жители.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешни израелски агенти за пејџер експлозиите во Либан: „Не знаеја дека ги купуваат од нас“

Хамас рече дека Израел постигнал само „понижување и пораз“ во 200-те дена од својата офанзива.

Вооруженото крило на Хамас повикува на ескалација

Портпаролот на вооружените бригади Ал Касам на Хамас, Абу Убаида вчера повика на ескалација на сите фронтови.

Во видеото што го емитуваше телевизијата Ал Џезира, Абу Убаида го пофали нападот на Иран врз Израел на 13 април, велејќи дека директните напади со експлозивни беспилотни летала и проектили „поставија нови правила, нацртаа важни равенки и ги збунија непријателот и оние што стојат зад него“.

Тој, исто така, повика на ескалација на Западниот Брег и Јордан, нарекувајќи го „еден од најважните арапски фронтови“.

Loading...

Јордан, лоциран меѓу Иран и Израел, пресретнал и соборил десетици ирански беспилотни летала кои влегле во нејзиниот воздушен простор и се движеле кон Израел, соопштија два регионални безбедносни извори на 13 април.

„Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции и да го крене својот глас“, рече Абу Убаида.

Тој додаде дека Хамас се уште останува на своите барања во разговорите за прекин на огнот – Израел трајно да ја прекине воената офанзива, да ги повлече силите од Газа, да им дозволи на раселените да се вратат во северна Газа и да ја укине блокадата.

„Окупациската влада го блокира постигнувањето договор за размена на заложници и се обидува да ги попречи напорите на посредниците да постигнат договор за прекин на огнот“, рече Абу Убаида.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел бара Хутите да бидат прогласени за терористи

Израел се противи на траен прекин на огнот бидејќи верува дека тоа само ќе му дозволи на Хамас да се прегрупира.

Катар и Египет се обидуваат да посредуваат за прекин на огнот, но портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи претходно вчера изјави дека сите инволвирани страни треба да „покажат сериозност“ и да дозволат таквите напори да успеат.

Израел вели дека сака да го уништи Хамас по нападот на групата на 7 октомври, според израелските власти, во кој загинаа 1.200 луѓе и зедоа 253 заложници.

Милитантната група сè уште држи живи околу сто заложници и останките на повеќе од 30 други, тврди Израел.

Loading...

„Војна против жените“

Палестинските здравствени власти соопштија дека повеќе од 34.000 луѓе се потврдени мртви во војната, која сега е во седмиот месец, и дека уште илјадници тела не се пронајдени.

Повеќе од 77.000 луѓе беа повредени, многумина со ампутации и изгореници.

Меѓу жртвите има повеќе од 14.500 деца и 9.500 жени, соопшти вчера Министерството за здравство на енклавата.

Повеќе од милион Палестинки и деца во Газа се соочуваат со катастрофален глад, без речиси никаков пристап до храна, безбедна вода за пиење, функционални тоалети или проточна вода, што создава ризици опасни по живот.

„Војната во Газа е несомнено војна против жените, кои плаќаат висока цена за војна што не е нивна работа“, рече Сузан Михаил Елдаген, регионален директор на Организацијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women ) за арапските држави.

САД: Извештаите за масовни гробници загрижувачки

Шефот за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк, вчера изјави дека е „згрозен“ од уништувањето на болниците Насер и Ал Шифа во Газа и извештаите за масовни гробници таму со стотици тела.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешни израелски агенти за пејџер експлозиите во Либан: „Не знаеја дека ги купуваат од нас“

Палестинските власти објавија дека пронашле стотици тела во масовните гробници во болницата Насер во Кан Јунис оваа недела, откако израелските трупи се повлекоа.

Беше објавено дека телата биле пронајдени и на локацијата Ал Шифа по операција на израелските специјални сили.

Во болницата Насер, главната здравствена установа во јужниот дел на Газа, властите открија уште 35 тела во, како што велат, една од најмалку трите масовни гробници на локацијата, со што вкупниот број пронајдени во изминатата недела достигна 310.

Палестинците велат дека израелските војници ги закопале телата со булдожери за да ги прикријат злосторствата.

Израелската војска ги отфрли како „неосновани“ тврдењата дека израелските одбранбени сили (ИДФ) ги закопале телата.

Loading...

Соопштено е дека силите кои трагаат по израелските заложници ги прегледале телата кои претходно ги закопале Палестинците во близина на болницата Насер и ги вратиле телата на местото каде што биле закопани откако биле прегледани.

„Увидот е извршен внимателно и исклучиво на места каде што разузнавачките информации укажуваат на можно присуство на заложници. Увидот е извршен со почит при зачувување на достоинството на починатиот“, се вели во соопштението.

Израел тврди дека бил принуден да се бори во болниците бидејќи таму оперирале борци на Хамас, што болничкиот персонал и Хамас го негираат.

Портпаролката на високиот комесар на ОН за човекови права Равина Шамдасани изјави дека на некои тела им се врзани рацете, што укажува на сериозни прекршувања на меѓународните човекови права и меѓународното хуманитарно право и дека е потребна дополнителна истрага, пренесе Ројтерс.

Според извештаите на палестинските власти, некои тела биле закопани под купишта остатоци, меѓу кои имало жени и постари лица.

Loading...

Американскиот Стејт департмент вчера објави дека информациите за масовни гробници во Газа се загрижувачки.