Хамас истрела 10 ракети кон јужен Израел

Сподели со своите пријатели

Палестинската милитантна група Хамас во неделата навечер истрела 10 ракети кон јужен Израел, што е најголемиот ракетен напад во последните неколку месеци, објавија денеска израелските медиуми.

Loading...

Пет од десетте истрелани ракети биле пресретнати од израелски системи за противвоздушна одбрана, но најмалку една од преостанатите пет ракети го погодила Ашкелон и предизвикала штета, потврдија претставници на израелските одбранбени сили (ИДФ), пишува The Times of Israel.

Соопштено е дека 30-годишен маж е полесно повреден од шрапнели и е пренесен на лекување во болницата Барзилај.

Службата за итни случаи на Маген Дејвид Адом објави дека се повредени уште две лица, а неколку лица се примени поради „акутна вознемиреност по нападот“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел најави дека наскоро ќе дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа

Ракетите на Хамас беа истрелани врз крајбрежните градови Ашкелон и Ашдод нешто по 21 часот од централна Газа, од областа Деир ал Балах, каде што ИДФ не спроведуваше операции.

Хамас веднаш ја презеде одговорноста за овој ракетен напад, според израелскиот весник Танјуг.