Британецот Гери Макинон тврди дека во компјутерскиот систем на НАСА кој го хакирал во 2002 година пронашол информации поврзани со НЛО и вонземјанскиот живот. Макинон своите тврдења ги изнел во интервју за „Рич планет ТВ“.
Овој ИТ експерт кој успеал да ги пробие безбедносните бариери на НАСА и амерканската воена мрежа меѓу февруари 2001 и март 2002 година, вели дека открил документ под називот „Вонземјански службеници“.
Документот е напишан во Ексел и во него се наведени имињата и чиновите на непознати личности. Макинон вели дека една од тебелите содржела податоци под називот „материјален пренос измеѓу бродовите“.
Кога се обидел да пронајде имиња на бродовите за десетици од нив не можел да дојде до податоци кои се достапни за јавноста, што го зголемило неговот сомневање дека тоа е дел од тајната.
Тоа воопшто е стандардна работа во војската, затоа сметам дека имаат таен вселенски програм – вели хакерот, иако признава дека тоа е отворена интерпретација и дека би можел да биде друг израз на пример за астронаутите.
Макинон поради хакирањето на НАСА е приведен во 2002 година, американските обвинители барале негово испорачување за да му се суди поради незаоконски пристап до податоци. Да е осуден би поминал 60 години во затвор, меѓутоа во 2012 година Тереза Меј, британската министерка за внатрешни работи вели дека нема да биде екстрадиран во САД.
Макинон е обвинет за сериозен криминал, меѓутоа постојат сомнежи дека е сериозно болен. Има аспергеров синдром и пари од депресија – изјавима Меј.
Тој сепак пред неколку дена при гостување во емисија на една телевизија открил што пронашол меѓу тајните документи на НАСА.