Х мора да плати казна од 380.000 евра на Австралија

Сподели со своите пријатели

Австралискиот суд денеска потврди дека платформата X мора да плати казна од приближно 380.000 евра за несоработка со локалниот регулатор кој побарал информации за тоа како социјалната мрежа се бори против злоупотреба на деца.

Loading...

Во пресудата се наведува дека Х е должен да го извести регулаторот за безбедност на интернет за тоа што прави за да се осигура дека на таа мрежа не се појавуваат материјали што прикажуваат сексуална експлоатација на деца, пренесува Ројтерс.

Ако судот ги прифатеше аргументите на Платформата Х, тоа ќе создадеше опасен преседан во Австралија каде странска компанија би можела да избегне регулаторни обврски во земјата со спојување со друга странска компанија, изјави по пресудата австралиската комесарка за интернет безбедност Џули Инман Грант.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Милијардерка осудена на смртна казна поради корупција: Може да ја избегне само ако ги врати украдените пари

Ова не е прв судир меѓу австралискиот регулатор и платформата X, која е во сопственост на најбогатиот човек на светот, Илон Маск.

Регулаторот претходно оваа година и нареди на мрежата X да ги отстрани видеата на кои се гледа напад со нож врз бискуп во Австралија.

Компанијата X ја оспори оваа наредба на суд и тврдеше дека регулаторот во една земја не треба да одлучува што корисниците ширум светот треба да гледаат на интернет, а самиот Маск ја означи оваа постапка како цензура, пренесува Танјуг.