Гутереш го отфрли предлогот на Путин ОН да управуваат со Украина

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш не гледа потреба од нови избори во Украина под надзор на Обединетите нации, отфрлајќи го предлогот на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Хина.

Loading...

„Украина има легитимна влада и тоа очигледно мора да се почитува“, рече Гутереш во Њујорк на прашањето за предлогот на Путин.

Путин претходно предложи Украина да се стави под привремена администрација на ОН до одржување на нови избори.

Тој рече дека изборите за време на војната, кои се забранети со закон во Украина, треба да се организираат за да се формира влада која ќе преговара за мир.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Лут сум на Путин и тој го знае тоа

Сепак, Украина и нејзините сојузници стравуваат дека Москва ќе ги искористи таквите избори за да инсталира марионетска влада лојална на Кремљ, особено во областите окупирани од Русија.

Украина е во воена состојба

Путин повтори дека верува оти мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски е неважечки.

Украина е во воена состојба од почетокот на руската инвазија, што доведе до одложување на претседателските и парламентарните избори.

Многумина во Украина веруваат дека одржувањето на избори за време на војна би било непрактично и нефер, бидејќи би било тешко да се обезбеди гласање на војниците и раселените цивили.

Loading...

Аналитичарите велат дека Москва го турка овој изборен наратив за да го делегитимира Зеленски и да ја убеди администрацијата на Трамп да ја минимизира неговата улога во мировните преговори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Крим запален гроб на руски пропагандист. Беше погребан пред три дена (ФОТО)