Гугл ја укинува лиценцата за Андроид на компанијата Хуавеи

Сподели со своите пријатели

Американскиот гигант Гугл ја суспендираше лиценцата за компанијата Хуавеј, што значи дека кинескиот произведувач на мобилни телефони ќе остане само на основната верзија на Адроид оперативниот систем.

Loading...

Претходно во четврток, администрацијата на Трамп го стави Хуавеи на црната листа компании.

Овој потег драстични ќе ги отежне соработките на оваа кинекса компанија на пазарот на паметни телефони надвор од Кина, со оглед дека со оваа одлука кинескиот технолошки гигант ќе изгуби пристап до ажурирањето на оперативниот систем Андроид.

Како што пренесува Ројтерс, следната верзија на Андроид смарт телефоните исто така ќе изгуби пристап до популарните услуги како Гугл плеј, Џимејл и Јутјуб апликациите.

– Хуавеи ќе може да ја користи само јавната верзија на Андроид и нема да може да добива пристап до корисничките апликации и услуги на Гугл, рекол изворот на новинската агенција Ројтерс.

Американската администрација со која раководи Доналд Трамп во четвротк го стави Хуавеи на црната листа, а тоа повлекува мерки кои на компанијата значително ќе и го отежнат работењето со амерканските партнери.

Leave a Reply