Сок од кој се топат килограмите додека читате книга?
Да, и тоа е возможно со употреба на лековитите својства на медот измешан со цимет. Многу малку луѓе знаат дека комбинацијата од овие две состојки го забрзува метаболизмот и помага при губење на телесната тежина.
За подготовка на овој напиток, потребни ви се само две лажици мед, една лажица цимет и 250 мл. вода.
Препорачаната количина може да се менува, но секогаш мора да се користи две мерки мед и една цимет.
Подгответе онолку напиток колку што сметате дека ви е потребно. За почеток, зоврите ја водата со која ќе го прелиете циметот, покријте и почекајте смесата да се излади. Медот можете да го додадете во изладената вода, и имајте на ум дека мед никогаш не се става во врела вода.
Половина од напитокот испијте го пред спиење, а втората половина пред доручек. И тоа е се.
Напитокот делува само на празен желудник.