Група волонтери и мигранти спроведоа акција за чистење на ГП Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Група волонтери и активисти од Скопје, во текот на вчерашниот ден спроведоа акција за чистење на граничниот премин Табановце, каде со измените на Законот за азил, дневно поминуваат но и преноќува поголема група мигранти од земјите на Блиски Исток.

Loading...

11665653_10205838624757578_1182556537353090175_n

Според информациите од волонтерите, вчера се собрани вкупно 20 големи црни вреќи за ѓубре полни со смет оставени од мигрантите.

На екипата од Скопје  се придружиле и шефот на Железничката станица Табановце и двајца вработени, како и три деца бегалци од Авганистан.

11707639_10205838625157588_129141408132489388_n

Акцијата траеше три часа, а беше опфатен простор на делот од Табановце и околните ниви и селски патеки.

Loading...

 

Неодамна, локалните жители на с. Табановце се спротиставија на одлуката, мигрантите да врват низ нивното село токму поради натрупаниот смет, но според кажувањата, вчера немало опструкции во тој дел од трасата низ која врват мигрантите на пат кон земјите од Европска Унија.