Премиерот Никола Груевски денес се обрати пред македонската јавност по повод терористичкиот напад во Куманово.
Како што нагласи Груевски, според стручните лица во МВР, македонската полиција ја имаше досега најсложената, најтешка и најкомплицирана операција.
-Активноста која професионално и одговорно ја водеше македонската полиција од сите етнички и верски групи- Албанци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи изведе високопрофесионална, патриотска и херојска акција и ги неутрализира терористите кои сакаа дестабилизација на Македонија. За жал осум од нив ги загубија животите. Длабоко сочувство до семејствата, колегите и пријателите. Загубивме 8 луѓе кои со колегите можеби спречија убиства на 8000 луѓе, рече Груевски.
https://www.youtube.com/watch?v=lJ3VserWnSs