Премиерот Никола Груевски во текот на вчерашното обраќање на академијата во пресрет на празникот свети Климент Охридски, најави бесплатен превоз за редовните студенти од државните универзитети и средношколска среда во која средношколците ќе имаат бесплатен железнички превоз, бесплатен билет за жичницата на Водно, како и бесплатни карти за во кино и театар.
-Сите редовни студенти од државните универзитети од идната година секој ден ќе имаат бесплатен јавен превоз за сите линии. Доделени ќе им бидат картички од јавните сообраќајни претпријатија, а Владата, за да се спроведе оваа мерка, ќе исплаќа трансфери на средства, рече Груевски.
Двата проекти ќе стартуваат од први јануари, а бесплатен превоз нема да добијат вонредните студенти, но и студентите кои се запишани на некои од приватните универзитети во земјава.
Ја поздравуваме реформата (бесплатен автобуски превоз за студенти) за која беа потребни 10 години да се донесе… Сосем случајно пред избори. Никола, да те потсетиме дека ние сме студенти, а не овци, напишаа пленумците на Фејсбук.