Груевски на средба кај Орав – следни се Заев, Тачи и Ахмети

Сподели со своите пријатели

За надминување на политичката криза важно е да се  работи во интерес на граѓаните на земјата и над партиските интереси.

Loading...

Затоа ги поздравуваме вчерашните конструктивни разговори на политичките лидери под покровителство на комесарот Хан, порача амбасадорот на ЕУ Аиво Орав во името на дипломатските претставници од сите земји членки на Унијата по денешната средба во Владата со премиерот Никола Груевски.

Амбасадорот Орав појасни дека средбата на која разговарале за можни решенија за актуелната политичка криза била планирана порано и не е продолжение на разговорите со еврокомесарот Хан.

– Денеска слушнавме од премиерот за тоа какви се неговите погледи во однос на справувањето со сериозното прашање на владеење на правото и обновувањето на довербата во институциите. Ги повикуваме сите релевантни актери да придонесат кон  брзо исполнување на овие обврски со добра волја, со цел да се изнајде одржливо решение за излез од актуелната криза, рече евроамбасадорот Орав од името на амбасадорите на земјите членки на ЕУ кои присуствуваа на денешната срдба во Владата.

Слични средби амбасадорите на ЕУ ќе имаат и со лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.