Груевски единствен кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ

Сподели со своите пријатели
Никола Груевски останува единствен кандидат на претстојниот 15-ти конгрес на ВМРО ДПМНЕ кој за неколку часа ќе започне во Куманово. Како што соопштуваат добро упатените извори, Груевски овојпат сам ќе се бори за претседателското место на влаедачката партија, откако во 2003 година, актуелниот претседател се соочи со Марјан Ѓорчев како противкандидат по заминувањето на Љубчо Георгиевски.
Како што соопшти партијата, вчера до 15 часот, сите заинтересирани кандидати можеа да ги приложат своите кандидатури, но, овојпат, Груевски останува единствениот кандидат кој собра повеќе од 30 потписи на делегати кои го поддржуваат неговиот следен мандат.
Првопотпишан еЉубиша Георгиевски, а меѓу останатите се и Борис Змејковски, Мане Јаковлевски, Дијана Трнталова, Јохан Тарчуловски, Сашко Кедев, Бранислав Саркањац, академик Живко Попов, Виолета Ачковска, Ганка Самолива и Марјан Ѓорчев, противкандидат на Груевски на конгресот во 2003.
На денешниот дводневен конгрес кој ќе се одржи во НУЦК ”Трајко Прокопиев” во Куманово,  Груевски во присуство на 560 делегати ќе говори за сработеното во текот на неговиот претходен мандат, додека гласањето за избор на претседател на ВМРО ДПМНЕ е закажано за утре.

Leave a Reply