Груевски до СДСМ: На 5-ти јуни ќе видете кој е победникот, а кој е поразениот (видео)

Сподели со своите пријатели

Во овој момент постигнати се сите потребни услови за одржување на фер и демократски избори на 24-ти април 2016-та. Тоа му е јасно на секој човек во нашата држава, како што му се јасни и причините зошто СДСМ не сака да оди на избори и бара разни изговори за тоа, како што му се јасни секому причините зошто проценката на САД и ЕУ беа такви какви што беа. И како што секому му се јасни причините зошто ВМРО-ДПМНЕ одлучи да прифати мало поместување на изборниот ден“, истакна ноќеска лидерот на владејачката партија, Никола Груевски.

Одлуката за изборниот ден беше во наши раце. Но, и одговорноста која ја носиме за државата и за народот во неа. По долги и детални анализи и консултации, Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за поместување на изборниот ден од 24-ти април за 5-ти јуни, со цел не да го задоволиме СДСМ, бидејќи тие како и да е ќе бегаат од избори и од соочувањето со народот, туку да не оставиме простор да бидеме погрешно разбрани од дел од нашите граѓани,  но и злоупотребени од сите они кои не и сакаат добро на Македонија и кој немаат еднаков интерес како нас, Македонија да оди напред, изјави Груевски.

 

Loading...