Гром погоди четири лица во близина на операта во Сиднеј

Сподели со своите пријатели

Четири лица во Австралија се пренесени вчера во болница откако гром ги удрил во близина на операта во Сиднеј, соопштија локалните власти.

Loading...

За време на силна бура, четири лица се сокриле под дрво во близина на позната знаменитост и биле погодени од гром.

Доминик Вонг од Службата за брза помош во Нов Јужен Велс изјави за новинарите дека жртвите претрпеле изгореници и некои проблеми со срцето по инцидентот во ботаничката градина во Сиднеј.

„Сите накратко изгубија свест. Во случај на невреме со грмотевици, не е добро да се бара засолниште под дрво“, рекол Вонг, а пренесува Ал Џезира.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија, Канада и Нов Зеланд бараат итен прекин на огнот во Газа

Силно невреме со грмотевици

Двајца мажи и две жени по ударот на гром биле пренесени во болница каде им била укажана прва помош.

Властите велат дека тие се здобиле со сериозни повреди, но се во стабилна состојба.

Сиднеј вчера го зафати силно невреме со грмотевици, оставајќи без струја повеќе од 10.000 домаќинства и бизниси.

Претходно денеска, властите ја затворија главната писта на аеродромот во Сиднеј на околу 20 минути, откако гром удри во асфалтот и создаде дупка.

Loading...