Гренел: Претседателот Трамп е добро, тој е силен лидер

Сподели со своите пријатели

Советникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Ричард Гренел, изјави дека Трамп е добро и дека е хоспитализиран од претпазливост.

Loading...

– Претседателот е фокусиран на работа за американскиот народ. Тој е многу силен лидер. Има само благи симптоми и затоа во јавноста не треба дда се поттигнуваат некои приказни што не одговараат на вистината, рече Гренел во изјавата за германскиот дневен весник “Билд”.

– Сето ова што се случува сега околу претседателот Трамп е мерка на претпазливост за да се спречи евентуално влошување на неговото здравје. Многумина се заразени со коронавирус и тоа со благи симптоми. Сепак, има мал процент кои имаат потешка форма на болеста. Затоа се следи состојбата на Трамп , објасни Гренел.

Поранешниот амбасадор на САД во Германија изјави дека Трамп е добро расположен и дека сака да работи, но лекарите не му дозволуваат. 

Сања Костовска

Leave a Reply