Преку амандман доставен од Министерството за здравство на Грција и изгласан од пратениците, се одредува рамката за информативната кампања за вакцинација за Ковид-19, што ќе трае до крајот на јуни 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина.
Во кампањата ќе бидат вклучени, локалната самоуправа, црквата, лекарските и фармацевтските здруженија, коморите, невладините организации итн.
Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас рече дека станува збор за национална кампања за тема што не е ниту владина, ниту партиска, туку е „национална и патриотска“.
Паралелно, изрази надеж дека Грците ќе бидат соодветно информирани, но и дека ќе се спречи и ќе се сведе на минимум ширењето лажни вести.
Сања Ристовска, Грција