Грција издаде предупредување за пожар во многу делови на земјата

Сподели со своите пријатели

Грчкото Министерство за цивилна заштита денеска издаде предупредување за висок ризик од пожари за многу делови од земјата, вклучително и Атика, Крит, централна Грција, северниот дел на Егејот, Пелопонез и источна Македонија и Тракија.

Loading...

Пожар избувна утрово во северниот регион Драма во Грција и изгоре шумско земјиште во близина на планината Фалакро, јавува Катимерини.

Противпожарната служба ангажирала 35 пожарникари со пет возила и три хеликоптери.

Под контрола е ставен шумскиот пожар што избувна вчера во градот Софија во Коринт, а во гаснењето на пожарот учествуваа 140 пожарникари, 37 возила, четири авиони и три хеликоптери.

Националната метеоролошка служба на Грција (ЕМИ) денеска соопшти дека до недела во земјата ќе останат многу високи температури, над 40 Целзиусови степени, по што се очекува благ пад на температурата.