Грчкото туристичко пристаниште преплавено со стотици илјади мртви риби (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Грчките власти почнаа да собираат стотици илјади трупови риби кои оваа недела го поплавија градот Волос.

Loading...

Минатата година грчкиот регион Тесалија беше погоден од големи поплави во кои многу риби завршија надвор од езерата и реките и беа „турнати“ кон морето.

Откако трупови од рибите го покриле пристаништето, се проширила смрдеа која го вознемирила населението и надлежните.

„Тие се протегаат на километри“, рече членот на градскиот совет Стелиос Лимниос.

Градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос, вчера изјави дека смрдеата е неподнослива и ја обвини владата што не се справила со проблемот пред да стигне до неговиот град.