Границите меѓу ЕУ и Белорусија ќе бидат затворени во случај на инциденти со Вагнер

Сподели со своите пријатели

Полска, Литванија и Летонија би можеле да донесат заедничка одлука за затворање на границите со Белорусија доколку долж нивните граници има сериозни инциденти поврзани со руската паравоена група „Вагнер“, најави полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински.

Loading...

„Доколку има сериозни инциденти со групата „Вагнер“ на границите на земјите од НАТО и Европската унија, како Полска, Литванија или Летонија, несомнено ќе преземеме акција заедно“, рече Камински, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека не е исклучена можноста за целосна изолација на Белорусија.

Полска, членка на НАТО, на 19 јули одлучи да ги премести воените трупи на истокот на земјата, откако борците „Вагнер“ почнаа да ги обучуваат белоруските специјални сили на неколку километри од нејзината граница.

Два дена подоцна, претседателот Владимир Путин ја предупреди Полска дека секоја агресија врз Белорусија ќе се смета за напад врз Русија.