Градските власти на Рио де Жанеиро објавија дека ќе го затвори пристапот до плажите во градот за Нова година за да се избегне метеж среде пандемијата на коронавирусот. Забрането е и движење и паркирање на возила во крајбрежната зона на градот.
Обично милиони луѓе се собираат на плажите за да ја дочекаат Новата година. Минатата недела, сепак, градското собрание на Рио објави дека квартот Копакабана, каде што обично се концентрираат прославите, ќе биде целосно изолиран од 20 часот на 31 декември, и само неговите жители ќе можат да влезат.
Мерката сега го проширува својот опсег. Сите пристапни патишта до крајбрежните области, кои се протегаат на над 30 километри, ќе бидат затрворени и ќе бидат поставени 40 полициски пунктови. Јавниот превоз, вклучително и метро, нема да ги опслужува населбите во близина на плажите за новогодишната ноќ. Само такси со жители на населбите ќе можат да се движат таму.
Огнометите се забранети.
Градското собрание на Рио првично планираше виртуелна прослава на Копакабана со музички настапи на интернет, но пред две недели објави целосно откажување на тамошните прослави.
Златко Шумковски