За нов директор на Јавна Општинска Установа – Библиотека “Тане Георгиевски”, назначен е Марјан Петковски, на местото на Нада Ивановска, долгодишна директорка на кумановската установа.
Петковски, инаку веќе вработен во Градска библиотека ќе стапи на функцијата на 10 март и по тој повод ќе биде извршено и свечено примопредавање на функцијата.
Нада Ивановска заминува во пензија после 26 години успешно раководење на градската библиотека, установа која неодамна прослави 70 години постоење и успешна работа.
Loading...