Градот и натаму се држи, тврди градоначалникот на Мариупол

Сподели со своите пријатели

Во четвртокот наутро, градоначалникот на опколениот Мариупол, Вадим Бојченко, изјави дека градот сѐ уште се бори и дека ќе остане украински.

Loading...

Бојченко ги нарече лажни вести руските извештаи за освојувањето на градското пристаниште и предавањето на повеќе од илјада украински борци, пренесува dpa.

 

Голем метеорит падна во близина на Осло: Граѓаните во шок (ВИДЕО)

 

Тој град на брегот на Азовското Море сè уште го бранат припадниците на Азовскиот баталјон и морнарицата, рече Бојченко, кој е надвор од градот.

Мариупол со недели е под опсада на руските сили. Поголемиот дел од градот е уништен, а условите за живот на преостанатите граѓани се катастрофални.

 

Loading...

И Трамп руската инвазија ја нарече геноцид

 

Русите продолжија да ги бомбардираат Харков, Доњецк и Запорожје во текот на ноќта, соопшти во четвртокот наутро украинската армија.

Украина очекува нова голема руска офанзива на истокот на земјата.