Педесет и деветгодишен кумановец завршил во болница со тешки телесни повреди кои ги добил додека работел во фабрика.
Loading...
– На 05.12.2024 во 15.52 часот во СВР Куманово, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Ј.(59) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, како што додаваат од полицијата, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во фабрика на автопатот Е75.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а бил известен јавен обвинител.
Никола Ивановски