25.06.2019 11:53

Google Play Store преполн со опасни апликации


Изгледа дека не можете туку така да мислите дека сите апликации во Google Play Store се безбедни. Вусшност истражување кое е спроведено во период од две години тоа експлицитно го покажало.

Универзитетот во Сиднеј пронашол дури 2.040 штетни и злонамерни апликации на популарниот сервис на Андроид платформата.

loading...

Истражувањето анализирало милион апликации во продавницата на Google Play. Пронајден е голем број лажни апликации, апликации кои барале пристап до голем број приватни податоци за корисниците, а интересно е што меѓу ваквите апликации спаѓаат и во кои популарни игри,меѓу кои и Hill Climb Racing или Temple Run.

За да успешно се анализираат толкав голем број апликации, истражувачите користеле методи на машинско учење.

Алгоритмите така пронашле дури 49.608 потенцијални закани. Потоа со помош на Virus Total софтверот, 7.246 апликации биле окарактеризирани како малициозни, додека од нив 2.040 како лажни или високо ризични.

Интересно е што самиот Google Play Store експресно ги отстрани аплиакциите кои биле опфатени во оваа истражување.

Исто така, зголеме е бројот на одбиени апликации. Супсензијата на апликацијата пораснала за 66отсто додека во одредени апликации, односно оние на кои не им е дозволено ниту да се појават во Google Play Store сервисот, пораснал за 55 отсто.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments