Google Photos ќе прикажува кога фотографиите се изменети со вештачка интелигенција

Сподели со своите пријатели

Во последните две години, многу компании ги претставија своите алатки за вештачка интелигенција за различни цели.

Loading...

Една од најпопуларните е манипулацијата со фотографии и видеа со генеративни алатки за вештачка интелигенција.

Сепак, тоа доведе и до многу сомнежи, забуни и нејаснотии.

Затоа, компаниите мораа да ги приспособат своите политики за користење на овие технологии, но и да осмислат подобри начини да ги информираат корисниците дека овие технологии се користат на графички и видео содржини.

Сега Google се приклучува на трендот.

По воведувањето на Magic Editor и додавањето на вештачката интелигенција во својот видео едитор, Google Photos наскоро ќе започне да означува визуелна содржина генерирана од вештачка интелигенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  El Capitan е новиот најбрз суперкомпјутер во светот

Компанијата веќе ги означува фотографиите изменети со вештачка интелигенција со соодветни мета-податоци, но сега тие информации ќе бидат прикажани и на „човечки разбирлив“ начин.

Во својот блог пост, компанијата наведе дека меѓу информациите за фотографиите ќе се појави дел со наслов „AI Info“.

Loading...

Таму ќе биде напишано името на алатката за вештачка интелигенција што се користи за менување на сликата.

Исто така, ќе каже кога фотографијата е креирана со помош на генеративна алатка за вештачка интелигенција.

Google изјави дека оваа промена ќе стане активна веќе оваа недела.