Голема рација во Сингапур. Запленети 94 куќи, скапи автомобили, златни прачки… (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Сингапур заплени имот во вредност од околу 1 милијарда S$ (околу 735 милиони американски долари) – вклучувајќи луксузни куќи, автомобили и часовници – во една од најголемите истраги за спречување на перење пари во земјата.

Loading...

Златни прачки, дизајнерски чанти, скапо вино и 23 милиони сингапурски долари во готовина биле меѓу предметите запленети во рациите, пишува Би-Би-Си.

 

 

Во акцијата полицијата уапсила десет лица, сите со странски пасоши.

Вакви рации се ретки во Сингапур, кој има една од најниските стапки на криминал во светот.

Сингапурската полиција објави во соопштение дека во вторникот биле извршени истовремени рации низ градот-држава.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Си Џинпинг повика на дополнителни мерки за зачувување на наталитетот во Кина

Одземени се 94 куќи, многу во скапи населби, како и 50 возила.

Десет лица на возраст меѓу 31 и 44 години беа уапсени за наводно перење пари и фалсификување злосторства.

Полицијата соопшти дека уапсените поседувале пасоши од Кина, Камбоџа, Турција и Вануату.

 

 

„Ако ве најдеме, ве те уапсиме“

Групата е осомничена за перење приходи од организиран криминал во странство, измама и онлајн коцкање.

„Нема толеранција Сингапур да се користи како засолниште за криминалци“, рече Дејвид Чу, директор за комерцијални работи на полицијата, додавајќи:

Loading...

„Нашата порака до овие криминалци е едноставна – ако ве најдеме, ќе ве уапсиме. Ако најдеме незаконски стекнати добивки, ќе ги конфискуваме. Ние ќе постапуваме со вас според нашите закони“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  COP29: Градовите во Кина и САД испуштаат најмногу стакленички гасови

Полицијата соопшти дека во истрагата соработуваат уште 12 лица, а во моментов се трага по осум други.

Централната банка на земјата и финансискиот регулатор Монетарната управа на Сингапур објави дека биле во контакт со финансиски институции „каде што биле идентификувани потенцијално незаконски стекнати средства“. Ќе се преземат „одлучни мерки“ против институциите кои не ги исполнуваат официјалните услови за спречување на перење пари.