Голем пожар предизвика хаос во Лондон (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Поради голем пожар затворена е станицата Лондон Бриџ, што предизвика хаос меѓу илјадници луѓе кои требало да патуваат.

Loading...

Околу 70 пожарникари побрзаа да интервенираат откако избувна пожар на пругата во Саутворк, јужен Лондон, пренесува The Sun.

Пламенот се проширил на блискиот паркинг, при што се запалиле два електрични автомобили.

На локалното население кое живее во близина на пожарот им било кажано да ги држат прозорците и вратите затворени поради „густиот чад“.

Станицата Лондон Бриџ и другите згради во близина на пожарот беа евакуирани, а многу Британци избегаа во страв од пламените јазици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Причината за пожарот сѐ уште не е позната.

 

 

Loading...