Голем пораст на продажбата на електрични автомобили на светскиот пазар

Сподели со своите пријатели

Комбинацијата на различни фактори ги поттикна работите на пазарот на електрични автомобили – од зголемување на понудата на пазарот и владините субвенции до зголемувањето на цените на горивото.

Loading...

А колку расте побарувачката за електрични возила најдобро може да се види од податоците на аналитичката компанија Canalys за првата половина од оваа година.

Во однос на претходната година, светскиот пазар бележи пораст од дури 63 отсто, а треба да се нагласи дека оваа аналитичка компанија ги зела предвид и електричните возила и плаг-ин хибридите.

Најдобри резултати се постигнати на кинескиот пазар

Во првите шест месеци од оваа година, во најнаселената земја во светот се продадени 2,4 милиони електрични возила. Toa e повеќе од четвртина од вкупниот пазар на автомобили и е зголемување во однос на истиот период во 2021 година, кога уделот на електрични автомобили на кинескиот пазар беше десет проценти.

Споредено со светскиот пазар, дури 57 отсто од електричните автомобили се продадени во Кина, покажуваат податоците на Canalys.

Овде на пазарот доминира компанијата BYD, чии автомобили зафаќаат 6 до 10 најпродавани автомобили во Кина.

По Кина, најголем удел има Европа со 27 отсто од пазарот. Pродадени се 1,1 милион електрични возила. Toe 20 отсто од вкупниот број продадени автомобили во првата половина од годината. Исто така е зголемување во однос на 2021 година, кога учеството беше 16 отсто.

Во Европа поради актуелната ситуација, продажбата е забавена во однос на лани, а е забележан и пад на побарувачката за хибриди.

Loading...

Што се однесува до најпопуларните е-автомобили, првите две места ги зазеде Tesla со моделите Y и 3.

САД се на трето место – заземаат 10 проценти од вкупниот пазар на електрични возила, додека во однос на вкупниот удел на возила што се продаваат во таа земја, уделот на возилата со електромотори е зголемен од 3 на 6 проценти.

На американскиот пазар доминира Tesla, која презеде 60 отсто од пазарот на електрични автомобили.