Метеорите не се ретка појава во Норвешка, меѓутоа, големината и одразот на овој метеор кој се појави над Норвешка во неделата го запрепасти локалното население.
Астрономите проценуваат дека дел од овој метеор слетал во голема шумска област наречена Финмарк, на околу 60 километри од главниот град на Норвешка, Осло.
Метеорот се појави во неделата, околу еден часот по полноќ, по локално време и го осветли ноќното небо само пет секунди.
Norveç’in başkenti Oslo yakınlarında bir ormana düştüğü tahmin edilen meteor, başkent ve çevresinde geceyi gündüze çevirdi. pic.twitter.com/DFkeXTo2Qj
— NAYN (@Nayn_Co) July 25, 2021
Сеизмолошкиот институт на Норвешка (НОРСАР) потврди дека метеоритот паднал на Земјата и истакна дека експертите сѐ уште не се сигурни колкава е големината на метеорот што ја прелета Земјата.
– Може да тежи неколку стотици килограми, а очекуваме дека мал дел стигнал до Земјата – истакнаа експертите, додавајќи дека нивната претпоставка е дека метеорот влегол во земјината атмосфера со брзина од околу 15 km/s и потоа се поделил меѓу приближно 35 километри и 25 километри над земјата.