Во Берлин, се случил помал инцидент во места за излети на нудисти, кога дива свиња со две прасиња украла најлонска кеса во која имало лаптоп од еден од присутните.
Кога видел дека дивата свиња му ја украла торбата, започнал да ја брка, во време кога на излетникот имало околу 20 лица, пренесува Би-Би-Си.
На фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, се гледа гол средовечен човек како брка дива свиња носејќи ја торбата и нејзините две прасиња.
Ова не е прв пат животните да крадат работи од луѓе – пред неколку дена, исто така, во Берлин, откриена е лисица која крадела чевли и влечки на луѓе што ги оставиле во градините.
If you want to read the whole story about this hero, please follow me on Instagram: adelelandauer_lifecoach
Die Fotos…
Posted by Adele Landauer on Wednesday, August 5, 2020