Годишната стапка на инфлација во Шведска неочекувано порасна

Сподели со своите пријатели

Според прелиминарните податоци, годишната стапка на инфлација во Шведска во февруари неочекувано се зголемила од јануарските 0,9 на 1,3 отсто, со што е доведено во прашање продолжувањето на политиката на намалување на каматните стапки во земјата.

Loading...

На месечно ниво, инфлацијата е зголемена за 0,6 отсто во однос на јануари.

Според статистиката на Шведска (SCB), годишната базична стапка на инфлација во Шведска за февруари изнесувала три отсто, највисока во последните девет месеци и над очекувањата на аналитичарите на Блумберг кои прогнозираа 2,7 отсто.

По оваа вест, шведската круна се искачи на највисокото ниво од декември 2022 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Романија приведе шест лица под сомнение дека се обиделе да извршат државен удар со помош на Русија

Целокупната слика за инфлацијата сега е посложена, напиша економистот Роберт Бергквист во објава на социјалната мрежа Икс (Твитер).

Тој и понатаму верува дека шведската Риксбанк би можела да ги намали каматните стапки на два отсто за да го стимулира економскиот раст во земјата.

Гувернерот на Риксбанк Ерик Теден и неговиот тим сакаат да користат пониски каматни стапки за да го стимулираат закрепнувањето на шведската економија по три години стагнација, додава њујоршката агенција.

Деловното истражување на шведската централна банка објавено претходно оваа недела покажа дека ситуацијата не е многу променета од есента, бидејќи во извештајот се истакнува дека „активноста е слаба во повеќето сектори на економијата“ во скандинавската земја.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шведска ќе испрати осум борбени авиони на воздушните сили на НАТО во Полска