Гледањето во екранот влијае дури и на менталното здравје

Сподели со своите пријатели

Новото истражување, спроведено на Универзитетот во Квинсленд, го поврзува менталното здравје на тинејџерките и времето што го поминуваат пред екран (мобилен телефон, таблет, лаптоп).

Loading...

За оние кои поминуваат повеќе од два часа на компјутер, забележано е многу штетно дејство. Кога станува збор за момчињата, оние што зјапаат во екранот повеќе од четири часа дневно се загрозени.

Професор на Универзитетот во Квинсленд, Асад Кан, рекол  дека неговата група истражувачи откриле дека користењето компјутер во првиот час има некои предности, но дека негативно влијание врз менталното здравје е забележано кај девојчињата по само 75 минути.

 

 

“Прекумерното изложување на екранот резултира со депресија, дебелина, слаб квалитет на живот, нездрава исхрана и намалени физички  способности. Еден час физичка активност и не повеќе од два часа поминати на компјутер обезбедуваат оптимално ментално здравје”, д -р Кан препорачува.

Ова предупредување треба да се сфати сериозно, бидејќи студијата е резултат на соработка помеѓу неколку универзитети.

Loading...

 

 

Меѓународниот тим ги истражувал податоците на повеќе од 577.000 адолесцентни лица  на возраст од 13 до 15 години, од дури 42 земји кои се познати како најбогатите на планетата.