Кумановската претставничка Ивона Јовановиќ заедно со група “Рафинерија” вечерва ќе настапи на овогодинешниот фестивал за забавни мелодии “Макфест” со песната насловена како “Тешко време”.
Loading...
Ивона и Рафинерија настапуваат во втората полуфинална вечер, поточно на 04.06.2015 (четврток) под реден број 09.
Фестивалот директно ќе го пренесува Македонската радио телевизија и Канал 77, со почеток во 20:30 часот.
По завршување на сите композиции граѓаните ќе имаат можност да гласаат за својот фаворит, со цел да влезе во финалето. Доколку тоа биде Ивона и песната “Тешко време” ќе треба да гласате со текст 09 на бројот 141 730.
Цена на пораката е 10 денари со вклучен ДДВ.